На трето поклоничко патување пеш, Сашо Серафимовски тргна кон Острог, Црна Гора

Поклоникот Сашо Серафимовски од Скопје рано утринава го започна своето трето поклонувачко патување за само три месеци.

Серафимовски рано утрово се упати кон манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора а до него ќе пешачи повеќе од 580 километри.

Претходно, поклоникот Серафимовски пеш ги посети манастирот Рилски во Бугарија, како и соборниот храм во романскиот град Јаши, каде се сместени моштите на Света Петка.

24info.mk