На улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид се оформува пристапот до улицата – се поставуваат рабници па ќе се асфалтира

На улицата „Јордан Мијалков“ во моментов се одвиваат градежни активности за оформување на пристапот до улицата. Тоа значи поставување на рабници во прва фаза, а во втора фаза асфалтирање на дел од улицата.
Согласно предвиденото се планира да се асфалтираат околу 1300 м2 површина. Тоа ќе овозможи непречен пристап преку улицата до станбените згради.
Средствата за оваа активност се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков