На Филипините се одржа најпознатиот фестивал Динајанг

Фестивалот Динајанг, одржан во градот Илоило, Филипините, го одбележа богатото културно наследство на градот, јавува Анадолу.

За време на фестивалот, танчерите прикажаа кореографски изведби носејќи живописни костими.

Фестивалот Динагјанг е религиозен и културен фестивал што се одржува секоја година во четвртата недела од јануари во градот Илоило, во чест на Санто Нињо, и сеќавање на историскиот пакт помеѓу доселениците од Малезија и домородниот народ Ати од Панај.

Се смета за еден од најголемите фестивали на Филипините, привлекувајќи огромен број посетители.

Само во текот на денешниот ден фестивалот го проследиле најмалку 23.500 посетители.

Инаку, во сите денови од своето одржување фестивалот привлекува стотици илјади посетители.