На 1 април нема да има маскенбали и првоаприлски забави низ општинските плоштади

Пред нас е уште еден светски ден на шегата и смеата. Имено, во вторник, првиот работен ден следната недела е Први април, но годинава е во сенка на големата трагедија во кочанската дискотека која се случи пред две недели.

За разлика од минатите години, кога општините веќе ги објавуваа деталите за организираните маскенбали за најмладите жители, годинава, засега, нема најави дека ќе има било какви настани.

Неофицијално, локалните самоуправи, ги имаат откажано сите настани со културно-забавен карактер за претстојниот период, поради катастрофалната загуба на младите лица во Кочани.

 

 

Skopjeinfo.mk