Денеска во раните утрински часови на 42-годишна возраст почина директорот и претседателот на управниот одбор на Железници на Македонија -Транспорт, Мубекир Палоши, соопштија од партијата Алтернатива, пренесува Порталб.мк. Палоши дојде на раководната позицијата на државното железничко претпријатие кон крајот на декември 2021 година како кадар на Алтернатива.
Мубекир Палоши е роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет со звањето дипломиран економист од областа на менаџмент и маркетинг. Работел во приватниот сектор како финансиски консултант, но учествувал и во формирањето на културно-образовна невладина организација.
Изрази за сочувство денеска веќе објавија од партијата Алтернатива, како и нејзиниот претседател Африм Гаши.
извор: Порталб.мк.
фото:Порталб.мк.