Нoвата Мис Алабама, се соочи со многу хејтери!

Сара Миликен има 23 години и успеа да ја освои титулата Мис Алабама на овогодинешниот избор. Сепак, победата не и донесе толку голема радост, бидејќи многу брзо по објавата почна да се соочува со голем број лоши коментари за нејзиниот изглед.

Веќе е познато дека изборот за мис со години се придржува до строгите правила на дисциплина и дека се води сметка за се – од косата, насмевката, изгледот и ставот, до начинот и она што го кажува натпреварувачката. Водејќи се од тие правила, многумина директно ја осудија, пред се судиите за изборот на победникот, бидејќи Сара е плус-сајз девојка, а потоа и таа дека „дала лош и нездрав пример, кој не доликува на девојка“.

Сепак, тоа не остана незабележано од Сара и реши да се соочи со лошите коментари и да одговори на нив.

– Луѓето не разбираат дека дури и тие зборови напишани на екранот на телефонот можат да имаат големо влијание врз некого. Иако не стигнав до таму, бевме сведоци на тоа што луѓето си правеа по толку омраза на интернет – коментирала девојката, пренесува „Дејлимејл“.

„Мислев дека ова е натпревар за убавина“, стои во еден од коментарите, а ни другите не можеа да „одолеат“ да напишат зборови со навредлива конотација:

– Дали ова се смета за привлечно во Алабама? Ова личи на натпревар на „Мекдоналд“ – се вели во друг коментар.

Меѓутоа, со овие потези, ваквите индустрии, кои се испреплетени со емпатија, и чувствата за плус сајз модели се ставаат на тацна, со ова „наметнување“ му го одземаат и правото на набљудувач да даде свое мислење, доколку не звучи како поддршка, и тука се појавуваат проблеми. Прифаќањето некого треба да биде придружено со давање помош и покажување дека општеството што го прифатило се грижи за него. За жал, иако можеме да кажеме дека многумина со полно право изразуваат незадоволство од наметнувањето на нешто, треба да се внимава со зборовите, токму затоа што тоа не допира до оној чија е идејата, туку до оној што е „пионот“ на идејата.

 

ona.rs