Невремето на Халкидики ја отежнува потрагата по 28 годишното момче

Невреме на Халкидики ја отежнува спасувачката акција за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој во саботата попладне исчезна во водите на Егејското Море кај Посиди на Халкидики. Двајцата негови другари, Васил и Иван, се веќе пронајдени и се надвор од животна опасност.

Денеска на Халкиди се очекува да пристигне и семејството на Мартин од САД, јавуваат грчките медиуми.

Од утрово спасувачките екипи се борат и со невремето, силните ветришта. Спасувачите планираат да постават и подводен дрон што значително ќе помогне во потрагата.

Утринава од македонското Министерство за надворешни работи информираа дека потрагата по Мартин продолжува.

 

novamakedonija.mk