Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ

Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.

Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.

Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.

Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.