Незадоволен пациент во Полска убил лекар

Пациент во болница во Полска, незадоволен од начинот на кој бил лекуван таму, избодел лекар кој подоцна им подлегнал на повредите, објави денеска Министерството за здравство.

Полицијата извести дека осомничениот утрината провалил во Ортопедија на Универзитетската болница во Краков и влегол во ординацијата каде што биле докторот и неговиот пациент.

Маж неколку пати со остар предмет го избодел лекарот, ортопедски хирург, во стомакот.

Иако повеќе од 20 колеги и медицински сестри веднаш се обидоа да му пружат помош на докторот, тој им подлегна на тешките повреди.

Обезбедувањето на болницата го совлада напаѓачот, а потоа го приведе.

Директорот на болницата, Марцин Једриховски, за новинската агенција ПАП изјави дека пациентот нападнал лекар во болницата каде што претходно бил лекуван бидејќи не бил задоволен од третманот, а претходно поднел жалба против болницата до омбудсманот за права на пациентите.

 

 

 

4news.mk