Необична сцена на хрватското приморје, маж влечел ајкула за опашка по брегот

Необична сцена се случила на хрватското приморје. Во Лошињ вознемирени граѓани снимиле маж како влече ајкула за опашката по брегот.

Некои се јавија во Институтот Син Свет, кој ја проучува морската средина, и се покажа дека сепак се работи за спасувачка операција.

Според Институтот, ајкулата се насукала и се обидела да се врати во морето, па лицето што ја врзало за опашката со чамец ја одвлекло на отворено море кон Сусак.

 

index.hr