Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 407 лица.
-Во процент тоа изнесува 5,69 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи. Гласањето се одвива без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до затворањето на избрачките места. Вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови, вели Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.
Споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас е поголем за 4,09 отсто.
фото: Архива