Непријатно изненадување за туристите, дополнителниот трошок за сместување на море веќе не е само симболичен

Покрај цената на сместувањето, патувањето, храната, има уште една ставка која претрпе поскапување.

Пари за сместување, патување, екскурзии, дневни трошоци и – за такса за чистење. Оваа последна ставка не треба да се заборави кога станува збор за резервација на одмор.

И иако не е новост дека оваа такса за уредување ја бара и личноста од која земате приватно сместување, сепак многумина беа изненадени од моменталните цени, пишува Nova.rs.

Искуството покажува дека оваа такса во претходните години, особено на AirBnb беше 10, максимум 15 евра.

Сопственикот на сместувањето на тој начин се осигура дека апартманот после вас ќе биде уреден како што бил кога сте влегле и подготвен за нови гости.

Сега, еден конкретен случај од Ровињ, како што изјави корисникот на социјалната мрежа Х, покажува дека може да достигне и до 35 евра.

https://twitter.com/Dragana03882361/status/1768061931955339307?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1768061931955339307%7Ctwgr%5Eda5515c2fe4073346e23cb4e40ee44826d40cf10%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fzivot%2Fpatuvanja%2Fneprijatno-iznenaduvane-za-turistite-dopolnitelniot-troshok-za-smestuvane-na-more-veke-ne-e-samo-simbolichen%2F