Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека е започнат процес за присоединување на земјава кон Програмата на САД за безвизен режим (Visa Waiver Program) откако Стејт департментот објави дека процентот на одбиени визи за Северна Македонија во 2022 година изнесувал 26,29 отсто.
Имено, со одлука на Влада формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат на исполнување на условите за воспоставување безвизен режим со САД. Условите се однесуваат на различни области, но еден од клучните е процентот на одбиени визи да изнесува најмногу 3%“,
велат од МНР.
Од МНР нагласуваат дека високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 отсто во 2022 година се должи на несоодветните апликации.
360stepeni.mk