Мрежата на високообразовните установи (ВОУ) во Република Македонија, сочинуваат вкупно 32 установи и тоа: 6 (шест) јавни односно државни, еден приватно јавен универзитет и 25 приватни универзитети и високи стручни школи.
Согласно Законот за високо образование (ЗВО Сл.весник на РМ бр.82 од 2018), Министерството за образование и наука (МОН), Националниот совет за високо образование и научно истражувачката дејност (Национален совет), Академијата за квалитет за високото образование (АКВО), високообразовните установи државни, приватни и високо стручни школи, своите делувања и работења во практиката треба да ги имплементира согласно Законот за високо образование, Законот за научно истражувачка дејност и други подзаконските акти.
Се поставува прашањето: Дали во практиката се почитува законската регулатива? Одговор треба да даде Министерството за образование и наука (МОН) како главен носител на високото образование и од него формираните самостојни стручни органи како што се: Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност (Национален совет) која е формирана заради обезбедување, оценување, развој и унапредување на високото образование и научно-истражувачката дејност, и како самостоен стручен орган, кој е првпат конституиран на 10.06.2021 година.
Националниот совет, согласно ЗВО треба да го следи развојот на високото образование (универзитетите, факултетите, стручните школи) и неговата усогласеност со европските и меѓународните стандарди за што еднаш годишно треба да поднесува извештај до Собранието и Владата на Република Македонија, со предлог мерки, решенија и препораки за подобрување на високообразовната дејност. Националниот совет изготвува и со согласност со министерот надлежен за работите на високото образование ја предлага и доставува Националната програма за високо образование до Собранието на Република Македонија, меѓу другото, донесува Правилник за нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност во согласност со законот… донесува Правилник за содржината на студиските програми… и други Правилници и уредби …(види чл. 42, 43 и 44 од ЗВО).
Особено согласно ЗВО како самостоен стручен орган значајна улогата ја има Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО), која е запишана во Централниот Регистар на 16.01.2020 година. Овој стручен орган АКВО е придружна членка во Евроското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование(ENQA)?! Е,прашање колку е функционален?
Во рамките на АКВО,согласно ЗВО, функционира Одборот за акредитација (ОА, чл. 47,48,49 од ЗВО) која утврдува исполнетост на условите и го утврдува капацитетот и студирање и вршење акредитација на високообразовните установи и го утврдува капацитетот за основање и студирање и вршење акредитација на високообразовните установи, на студиските програми, наставно-научен кадар, на ментори на докторски студии итн. И за Одборот за Акредитација (ОА) се поставува прашањето: Колку е функционален?
За Одборот за евалуација (ОЕ, чл. 51,52… 54,55 од ЗВО), што да се каже НЕФУНКЦИОНАЛЕН’, кој не спровел ниедна евалуација (вреднување) во високообразовните установи во Република Македонија. КАТАСТРОФА!
Од квалитативниот пристап во работата на овие тела и без прифаќање на принципот дека без евалуација (вреднување) не може да дојде до реакредитација, ниту е можна реформа во високото образование и рационализација на мрежата на високообразовните установи, ниту остварување на потребните стандарди за квалитет во целокупното високо образование.
Ефективната евалуација е предуслов за квалитет во високото образование, а европските стандарди укажуваат на потребата за евалуација како предуслов за реакредитација. Во услови на целосен нефункционален Одбор за евалуација (ОЕ), реакредитациите се вршат формално, по инерција и сето тоа сериозно се заканува на каков било облик на квалитет во високото образование… (Види чл.47,48…50,51…од ЗВО).
Што покажува практиката на МОН, Национален совет, АКВО
Од напред наведеното, се согледува дека во практиката Законот за високо образование и подзаконските акти не се почитуваат и спроведуваат соодветно од страна на Министерството за образование и наука и одговорните во рамките на министерството за работата на високообразовните установи, формираните самостојни стручни тела Националниот совет и АКВО и истите се соучесници на незаконитоста.
Ќе наведам само еден пример на државен (јавен) универзитет
За овој пример (има и други) лично од мене се запознати МОН, Националниот совет, АКВО и останува НИШТО. Кога овие надлежни институции, остануваат неми и тогаш што е чудно каде ни е високото образование. Жално но вистинито. Македонското високо образование е метастазирано, девалвирано и непрепознарливо во европски рамки и пошироко.
Примерот со Државниот универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ УИНТ-Охрид, овој јавен универзитет „функционира“ со пет (5) факултети и работи со вкупно 17 професори (наместо најмалце 50 наставно-научни и соработнички звања согласно ЗВО), 1 лектор, 1 асистент и 1 лаборант, и 11 административни рабитници, односно спротивно на член 61 став 2 од ЗВО, односно, спротивно Правилникот за нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност (Правилник за нормативи и стандарди) кој го донесува Националниот совет за високо образование. Исто така, спротивно на став 3 од истиот член (61) стои: „Условот од ставот 1, алинеја 4 на овој член се смета за исполнет во однос на универзитетот, доколку на универзитетот се вработени лица и избрани во наставно-научни и наставни звања во работен однос со полно работно време за изведување на најмалку 50% од часовите на настава на студиските програми за кои се бара акредитација (дозвола за работа), а најмалку 10 лица во наставно-научни звања во работен однос со полно работно време на секој од факултетите во состав на универзитетот“.
Конкретен прилог: Дали секој факултет има 10 редовно вработени наставници?
1.Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника
Вонр. проф. д-р Дијана Цапеска Богатиноска-декан (доктор по технички науки)
Проф. д-р Елена Хаџиева (докторат по математика)
Вонр. проф. д-р Расим Салкоски (докторат по технички науки, енергетика, НЕПРАВИЛЕН ИЗБОР, предвремен и во несодветна област, спротивно на ЗВО)
Доц. д-р Даниела Мечкароска (доктор по информатика)
2.Факултет за комуникациски мрежи и системи
Вонр. проф. д-р Анета Велкоска – декан (доктор по математика)
Доц. д-р Јован Карамачоски (доктор по електроника и телекомуникации)
Вонр. проф. д-р Јане Бакрески (доктор по уметност)
Проф. д-р Нинослав Марина (доктор по електроника, НЕМА ИЗБОР, НЕМА МАГИСТРАТУРА, НЕПРАВИЛЕН ИЗБОР по безброј основи, истовремен избор во доцент и вонреден, предвремен, нострификација на докторат спротивно на ЗВО, без магистратура)
3.Факултет за компјутерски науки и инженерство
Вонр. проф. д-р Јованка Дамоска Секулоска – декан (доктор по економски науки)
Доц. д-р Љубинка Санџакоска (доктор по природно-математички науки, информатика)
Доц. д-р Иле Димитриевски (доктор по компјутерски системи)
4.Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика
Вонр. проф. д-р Горан Шибаковски – декан (доктор по политички науки)
Вонр. проф. д-р Анис Сефиданоски (доктор по информатика)
Проф. д-р Иван Бимбиловски – ректор (доктор по правни науки, НЕМА НОСТРИФИКАЦИЈА НА МАГИСТРАТУРА, НЕПРАВИЛЕН ИЗБОР по безброј основи, нострификација на докторат спротивно на ЗВО, без магистратура)
м-р Лина Милошеска, лектор
5.Факултетот за информатички и комуникациски науки
Вонр. проф. д-р Александар Карадимче – декан (доктор по техничко-технолошки науки)
Вонр. проф. д-р Атанас Христов (доктор по комуникациски и компјутерски системи, НЕПРАВИЛЕН ИЗБОР, предвремен спротивно на ЗВО)
Вонр. проф. д-р Марсиха Исмајлоска (доктор по филолошки науки)
Зошто МОН, Националниот совет и АКВО премолчуваат незаконитост
- д-р Иван Бимбилоски, РЕКТОР со Решение бр.09-9051/2 од 15.11.2007 год. издадено од Одделението за еквиваленција и нострификација за високо образование, МОН извршено е признавање на дипломата за завршени докторски студии и стекнат научен степен Доктор по правни науки, издадено од Централниот Европски Универзитет во Будимпешта, Република Унгарија. (не е испочитувана процедурата, ИЗВРШЕНО Е ПРИЗНАВАЊЕ НА ДИПЛОМА ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ БЕЗ ДОСТАВЕН ДОКАЗ ЗА МАГИСТЕР). ИЗБОРОТ Е СПРОТИВЕН НА ЗВО.
- д-р Нинослав Марина, претседател на сенат, во вонреден и редовен професор на приватниот универзитет МИТ Скопје и УГД Штип е СПРОТИВЕН на член 134 од ЗВО, Сл. Весник на РМ бр. 35/08, 103/08, … , 51/11, во предвремен избор во повисоко звање да имаат иницијатива од најмалку две катедри доносно институти. д-р Нинослав Марина НЕМА НОСТРИФИКАЦИЈА НА МАГИСТРАТУРА, согласно член 155 став 1 и 2 од ЗВО, Сл. Весник на РСМ 82/2018. 2. ИЗБОРОТ Е СПРОТИВЕН НА ЗВО. д-р Нинослав Марина спротивно на ЗВО учествува во избор на наставно научно звање на колегите на универзитетот, со што го прави и нивниот избор невалиден, согласно ЗВО.
- Д-р Љубица Топузоска, назначена за Генерален секретар на Универзитетот „Св. Апостол Павле“-Охрид, спротивно на ЗВО, НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите, нема соодветно образование.
- Д-р Атанас Христов, според рефератот објавен во Билтен бр. 17-276/1 од 17.03.2025 (бр.2), е избран во редовен професор, иако НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите според ЗВО, ивршен е предвремен избор. Исто така Д-р Атанас Христов во Септември 2020 е избран за вонреден професор спротивно на член 171, 172, 173, 183, 166, став 2, точка 4 од ЗВО и член 42 и 45а од Законот за научноистражувачка дејност.
- Д-р Расим Салкоски, според рефератот објавен во Билтен бр. 17-337/1 од 23.04.2025 (бр.2), е избран во вонреден професор, иако НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите според ЗВО, ивршен е предвремен избор и несоодветна област. Исто така Д-р Расим Салкоски со Реферат бр. 04, 440/2 од 14.09.2020, е избран во звање доцент, спротивно на ЗВО, несоодветна област.
- Д-р Јованка Дамоска Секулоска според извештај на рецензенска комисија ор. 04 бр. 325/2 од 25.05.2022 год, https://uist.edu.mk/wp-content/uploads/2022/07/ Реферат-за-избор-во-звање-вонреден-д-р-Јованка-Секулоска-Дамоска-одлука-за-избор.pdf. Според истиот реферат во Доцент е избрана во септеври 2022 год. Што значи дека извршен е предвремен избор во вонреден професор, а тоа е СПРОТИВНО на ЗВО.
- Д-р Анета Велковска според извештај на рецензенска комисија бр. 432/2 од 14.09.2020 год, https://uist.edu.mk/wp-content/uploads/2022/03 Реферат-Одлука-за-избор-во-вонреден-професор-д-р-Анета-Велкоска -02.10.2020.pdf e избрана во научно звање вонреден професор спротивно на ЗВО бидеќи: Анета Велковска е избрана според Законот за научноистражувачка дејност член 35, 36, 39. Во 2015 год. Анета Велковска е избрана за истражувач во научно звање Научен соработник, согласно Законот за научноистражувачка дејност член 35 и член 36. Овој закон се применува доколку изборот се врши на Институт кој се наоѓа во рамките на универзитетот и се занимава со научно истражувачка дејност, а кандидатот е исто така вработен на тој институт. Ваквиот избор е СПРОТИВЕН НА ЗВО. Според Член 166, став 2, точка 4 од ЗВО, во наставно-научно звање вонреден професор, може да биде избрано лицето кое: било претходно избрано во наставно-научно звање ДОЦЕНТ. Анета Велковска НИКОГАШ не била избрана во звање доцент.
- Д-р Даниела Мечкароска според извештај на рецензенска комисија ор. 04 бр. 903/2 од 13.12.2021 год, https://uist.edu.mk/wp-content/ uploads/2022/03/Реферат-за-избор-во-звање-доцент-д-р-Даниела-Мечкароска-одлука-за-избор.pdf, , објавен во билтен број 17-952/1 од 13.12.2021 год., а исто така според одлуката на деканот бр. 12-100/2 од 29.12.2021 год. е избрана во звање Доцент во научна област 21202-Информациски системи и мрежи, а тоа е спротивно на ЗВО, односно во НЕСООДВЕТНО ПОДРАЧЈЕ И ОБЛАСТ.
- Доцент д-р Даниела Мечкароска и вонреден проф. д-р Анис Сефиданоски во 2022 год се вработени на Универзитетот Св. Апостол Павле во редовен работен однос спротивно на Законот за работни односи, без објавување на конкурс за вработување, (сомнителните договори за вработување ги има потпишано ректорот Иван Бимбиловски.)
Дали МОН, Националниот совет, АКВО ќе извршат реакредитација и евалуација на УИНТ-ОхридДа се согледа:
- На Универзитетот УИНТ-Охрид, спротивно на ЗВО, односно несоодветни професори, некомпетентни држат предавања, спротивно одлуките за избор на полето и областа во која се избрани.Официјалниот распоред по кој се држат предавањата односно реализацијата на програмската настава, за академската година 2024/2025 год.,
- Овој универзитет не ги исполнува основните услови да постои како универзитет.
- Барам одговор од МОН,Националниот совет и АКВО, врз основа на кои критериуми овој Универзитет имаше распишано конкурс за ВТОР и ТРЕТ циклус на студии. За што служи ова ЗА ПРОДАЖБА НА ДИПЛОМИ???
- Треба да се укине ВТОР и ТРЕТ циклус студии, односно конкурсот да се стопира бидеки се ставаат во заблуда студентите, добиваат дипломи само затоа што плакаат, а од друга страна им ги земаат студентите на другите универзитети, како на пример на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, ФИНКИ при УКИМ-Скопје, кои навистина ги исполнуваат условите.
- Крајна злоупотреба и манипулација е извршена од страна на ректорот Иван Бимбиловски и претседателот на сенат Нинослав Марина со организирано објавување на т.н. ракописи во Билтен (бр. 2) бр. 17-276/1 од 17.03.2025 год., Билтен бр. 17-73/1 од 21.01.2025 год., Билтен (бр. 1) бр. 17-272/1 од 12.03.2025год. Ракописите се плагијати на претходно објавени информации, на кои сега одредена група на автори се додадени, а не се соодветни, со цел да може да бидат користени за исполнување на еден од условите за избор во наставно научно звање. Истите автори се користени и како рецензенти при изборот на колегите во наставно научно звање, односно оганизирано самите помеѓу себе се избираат. А, тоа се: Нинослав Марина, Атанас Христов, Анета Велковска, Расим Салокоски, Јованка Секулоска Дамоска.
- Голем број од вработените професори се бирани според Законот за научноистражувачка дејност, а потоа по Законот за високо образование. Погрешно се применувани двата закони, а со тоа и изборите на: Атанас Христов, Анета Велковска, Расим Салкоски, Горан Шибакоски, Јованка Дамоска Секулоска, Мерсиха Исмајлоска,…, НЕ СЕ СОГЛАСНО ЗВО.
На потег е МОН кој заедно со службите за високо образование да извршат целосна ревизија на универзитетот, АКВО да изврши реакредитација на овој универзитет и превземаат соодветни мерки согласно Законот.
Треба да се сопре образовниот криминал во виското образование на овој државен македонски универзитет.
Целокупниот документ ќе се достави до Владата на република Македонија.
Неможе како до сега!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес