Ниеден Украинец досега не побарал статус на бегалец во Македонија

Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, па досега, според информациите на Министерството за внатрешни работи, во земјава влегле 1.924 украински државјани, а на излез од државата во овој период се регистрирани 1.365, рече владиниот портпарол Душко Арсовски.

Досега, како што посочи тој во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, нема лица кои побарале статус на бегалец и сите кои доаѓаат се сместуваат кај роднини или пријатели.

извор/фото: Радио Слободна Европа