Никола за 530 илјади динари ги продаде патиките со кои пешачеше до Егина, ќе ги донира во хуманитарни цели

Хуманата мисија на Никола Роквиќ продолжува.

Откако помина 1.060 километри пешки за 31 ден и собра над 30 милиони динари за детска онкологија, 39-годишниот српски пејач одлучи да ги продаде патиките со кои пешачеше до Егина. На лицитацијата најголема сума понудила компанијата Pulsec, а тоа е 530 илјади динари.

Роквиќ лично ги однесе патиките со негов потпис во компанијата.

Оваа сума Никола ја додаде во досега собраните средства од донации, кои сега изнесуваат речиси 43 милиони динари.

„Дали ова не е доказ дека распаднати и излитени патики, кога ќе бидат насочени кон правилна насока и цел, достигнуваат 40 пати поголема цена од нови од фабрика; патики во кои нема да уживаме додека шетаме; патики на кои околината нема да ни се восхитува додека ги носиме, но ќе нè потсетуваат дека со нивното купување можеби сме спасиле нечиј живот“ – напиша тој.

На крајот од април, Никола тргна од од храмот „Света Сава“ во Белград и пешки стигна до островот Егина каде се поклони на Свети Нектариј Егински. Неговата мисија започна со цел да собере средства за купување апарат за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детската онкологија.

Тој допрва ќе соопшти каде ќе ги вложи парите од патиките.

 

femina.mk