Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе се заврши до крај на 2026 година

Градежните работи на автопатот Кичево-Охрид се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба и целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија вондреден надзор над активностите за изградба.

Надзорот се направи на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект. При извршените контроли било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така било утврдено дека наследентите проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

– По целата траса работите се одвиваат интензивно, се’ со цел до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште, истакна вицепремиерот Николоски, според кого динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот ќе се пушти во употреба.

извор: ОхридПрес