Новата 2025 година беше дочекана со музика, забава и огномет на полноќ на плоштадите во Северна Македонија, Албанија и Косово, јавува Анадолу.
Со спектакуларни огномети, илјадници граѓани собрани на плоштадите и улиците на градовите ја дочекаа Новата година.
Голем број граѓани ја дочекаа Новата година на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што се забавуваа со музичка програма.
Во Тирана, Новата година беше дочекана со огномет и концерт организиран на градскиот плоштад. Граѓаните уживаа и во разновидноста на кулинарството и другите атракции кои се наоѓаат во туристичкото село на плоштадот „Скендербеј“.
Во Приштина, граѓаните ја дочекаа Новата година на плоштадите на градот, забавувајќи се со музика и уживајќи во огнометот.