Новата седмица ни носи температури и до -10 степени

Во текот на новата седмица која што ни следува, поточно од утре (понеделник 3 февруари) па се до крајот на седмицата, нашата територија ќе биде зафатена од значително поладен воздух од североитокот и  од истокот на Европа. Сепак, овој ладен бран бран ќе биде релативно сув без снежни врнежи, што значи дека не очекува сув студ, проследен со повремено засилен северен ветер, особено утре (понеделник), како и во среда.

Сепак, до крајот на денов, во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре (понеделник) ќе има послаби локални врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег.

И во Скопје и околкината од утре (3 февруари) па во текот на седмицата температурите позначително ќе опаднат, а особено утре (понеделник) како и во среда повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.До крајот на денов, во текот на ноќта, како и утре (понеделник) ќе има услови за повремен послаб дожд.

Што се однесува до температурите, особено од среда, наутро тие насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степени, додека на високите места и планините, како и на Скијачките центри тие би можеле да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk