Од 31 октомври 2025 година, Скопје ќе биде поврзано со уште една европска дестинација – Ларнака, Кипар. Новата директна авиолинија претставува дел од поширокиот план за развој на авиосообраќајот и е 11-та нова рута воведена во последните 10 месеци.
Како што беше соопштено денеска, оваа нова линија е резултат на субвенциите и проактивните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, насочени кон подобрување на поврзаноста на Македонија со регионот и пошироко.
„Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите веќе даваат конкретни резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија“, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил пред патувањето кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј.
Новата рута се очекува да го поттикне туризмот, да ја олесни мобилноста на граѓаните и да придонесе за економски развој преку зголемениот прилив на патници и бизнис-можности меѓу Македонија и Кипар.
4news.mk