Нова дојава за бомба во авион на „Ер Србија“ на лет за Москва, пренесуваат српските медиуми. Неговото враќање на аеродромот „Никола Тесла“ јасно се гледа и преку интернет страницата Flight radar.
Информацијата им била соопштена на пилотите додека авионот се наоѓал на границата меѓу Унгарија и Словачка.
Авионот на „Ер Србија“ полета од Белград кон Москва со 125 патници и пет членови на екипажот.
Идентичен случај за авион на „Ер Србија“ за Москва имаше и пред неколку дена. По деталниот предглед тогаш, бомба не беше пронајдена.