Нова ерупција на Етна – проблеми за аеродромот во Катанија

По привременото затворање во неделата, работата на аеродромот во Катанија повторно се одвива, но можно е анулирање на летови или нивно доцнење, соопштија од управата на аеродромот Катанија-Фонтанароса.

Италијанскиот национален институтот за геофизика и вулканологија извести за десет километри високи облаци од чад и силна вулканска активност на Етна со исфрлање лава во неделата утрото.

Етна, со висина од 3324 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Во јули, главниот аеродром Катанија на Сицилија, веќе два пати мораше да биде затворен поради ерупции на Етна. Преку овој аеродром годишно стигнуваат околу осум милиони патници на одмор во источниот дел од Сицилија. Островот во Средоземното Море е една од најомилените туристички дестинации во Италија.

 

DW