Новинарот на АА, Бурак Мили, неговата сопруга и петмесечното бебе загинаа во земјотресот во Турција

Новинарот на Анадолу од Хатај, Бурак Мили, неговата сопруга и нивното петмесечно бебе ги загубија животите во земјотресот со епицентар во Кахраманмараш, Туркије, јавува Анадолу.

Бурак Мили (31), неговата сопруга Ајшен Мили (30) и нивната ќерка Ејлул Лина останаа под урнатините по уривањето на станот во подрачјето на Искендерун во Хатај.

Екипите за пребарување и спасување и волонтери ги пронајдоа мртвите тела на семејството Мили четвртиот ден по земјотресот.

Телата на Бурак Мили, жената и бебето се испратени во мртовечница.

Бурак Мили, кој дипломира на Стручната виша школа во Искендерун на Универзитетот „Мустафа Кемал“ во Хатај, одблизу сведочеше на случувањата на сириската граница, како и во Хатај.

Мили, кој имаше сертификат за воено новинарство, има реализирано многу вести и фотографии кои оставија впечаток во меѓународните медиуми.

Фотографијата од беспилотното летало „TБ2 Бајрактар“ пред полна Месечина, направена од Бурак Мили за време на операцијата „Маслинова гранка“ во 2018 година, привлече големо внимание.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.