Украинскиот медиумски сервис ТСН јавува дека Русите удриле во детската онколошка болница во Киев. Според Киев Индипендент има и загинати. Оваа страшна вест ја објави и новинар на Би-би-си на својот Твитер профил.
Се чека официјална потврда. Информацијата се споделува на Твитер, но деталите засега не се познати.
Претходно денеска беше објавено дека Киев е под ракетни напади и улични борби, а руската инвазија досега однесе животи на речиси 200 цивили. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека Киев е под контрола на украинската влада и дека во центарот на градот нема руски војници.
https://twitter.com/KyivIndependent/status/1497664944023773190?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497664944023773190%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fsvet%2Fpogodena-detskata-onkoloshka-bolnica-vo-kiev-ima-zaginati%2F