Нови врнежи од локален карактер очекуваме утре попладне и во вечерните часови, потоа нов голем бран на врнежи од запад кај нас ќе пристигне во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне. Овој бран ќе донесе ново големо количество на воден талог (локално над 35 л/м2). Овој пат со приливот на значително постуден воздушен бран од север на планините и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег и ќе се формира првата позначителна снежна покривка (од 10 до 20 сантиметри снег, понекаде и повеќе), најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Нови врнежи од дожд утре попладне, доаѓа студен воздушен бран од север
