Нови грешки и во учебниците по македонски јазик

Македонистот Сања Котевска на Фејсбук ги открива грешките направени во учебниците по македонски јазик.

Во текстовите за проширување на знаењата постои извадок од ,,Авантурите на Гордиот Пим” од Едгар Алан По. Гордиот Пим!!!Инаку, се работи за познат роман на Алан По: ,,Авантурите на ГОРДОН Пим”Грешки се направени и во извадоците од песните на Блаже Конески и Ацо Шопов.

Кај наставната содржина за паралелна рима ставиле извадок од ,,Очи” (Ацо Шопов) и ,,Езеро” (Матеја Матевски), песни во кои има исклучиво вкрстена рима.

Кај наставната содржина за обгрлена рима приложен е извадок од ,,Тешкото” (Блаже Конески) во кој има вкрстена рима, па учениците кои внимаваат најчесто се збунети зашто очекуваат обгрлена рима, иако извадокот веројатно е приложен со цел да се повторат сите видови рими (тоа е задача за третата група), но и тоа нема смисла зашто, како што кажав – во ,,Тешкото” има само вкрстена рима.

 

republika.mk