Објавени се нови видеоснимки од терористката Ахлам Албашир, која го изврши терористичкиот напад во Истанбул, на кои се гледа како таа излегува од автомобилот и потоа влегува во продавница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во тек е истрагата на Обвинителството во Истанбул за терористичкиот напад на ПКК на 13 ноември, во кој загинаа 6 лица, а 81 беа повредени.
Како дел од истрагата, пронајдени се снимки од безбедносните камери на кои се гледа како Албашир излегува од автомобил на Плоштадот „Таксим“ во Истанбул на денот на нападот, а потоа влегува во продавница и купува.
На снимката јасно се гледа како Албашир излегува од автомобилот, а во раката носи мала торба. Откако се оддалечува од автомобилот, од задното седиште на предното, каде што седела Албашир, преминува машко лице, а тоа е Билал Хасан, кој потоа се упатил кон Едрене и на кого му се губи секаква трага.
Безбедносните камери ги снимиле и моментите кога Албашир излегува од автомобилот и влегува во продавницата.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).