Во последните 24 часа регистрирани се 521 нови случаи на ковид-19 од направени 1.231 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции.
Во изминатото деноноќие се пријавени две починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од Мој Термин е регистрирано едно починато лице од Кичево (74г) , починато во болнички услови на 5 август годинава.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 201, Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавадарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
МЗ