Во духот на дарувањето и со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска подели новогодишни пакетчиња на најмладите.
– Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението „Во мојот свет“; здружението „Тајните на моето срце“; дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“; дневниот центар „Зраци“, како и дечињата кои се згрижени во Општата Болница во Охрид. Исто така ги посетивме и пациентите во Одделението за геријатрија при Општата Болница, информираат од локалната самоуправа.