Денеска (30.12.) во просториите на СОС Детско село во населбата Ченто во Скопје од страна на полициски службеници од ПСОН Гази Баба, по претходно доброволно собрани финансиски средства со коишто беа купени новогодишни пакетчиња, на сите деца штитеници во оваа институција им беа врачени овие новогодишни дарови.
Оваа веќе традиционална акција на полициските службеници при ПС ОН Гази Баба покрај хуманитарен карактер имаше за цел преку дружење и разговор со децата од СОС Детско село, уште еднаш да се нагласи важноста од соработка и комуникација со полицијата како пријател и заштитник на децата.