Ново поскапување – дизелот поскапува за 8,5, а бензините за 3,5 денари за литар

Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари, одлучи доцна вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 отсто.

Еве ги новите цени на дериватите:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 59,165 (денари/килограм)