Полицијата во Нови Сад уапсила млади мажи (23, 24, 21 и 26 години) осомничени за пукање во Футог, при што млад човек (19) починал на лице место, додека тешко ранет 20-годишник починал во болница, пишува Блиц.
Престрелката се случила синоќа околу полноќ пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог.
Еден од приведените е осомничен дека ги извршил убиствата.
Повикот на итната помош дошол во 0:17 часот, а потоа уште еден, кога полицијата на лице место пронашла уште едно младо момче во несвест.