Нов локдаун за жителите на Хонг Конг поради ковид

Жителите на Хонг Конг се подготвуваат за нов локдаун низ градот, празнејќи ги супермаркетите и аптеките, иако лидерката Кери Лам повика на смиреност и апелираше до јавноста да не се грижи за задолжителниот план за масовно тестирање против ковид-19.

Масовното тестирање за 7,4 милиони жители на градот треба да се одржи во текот на девет дена, почнувајќи од втората половина на март, објави South China Morning Post (SCMP).

Веста предизвика загриженост дека многу луѓе ќе бидат принудени да се изолираат, а семејствата со членовите кои се позитивни на тестот ќе бидат разделени.

Официјалните лица планираат да ги тестираат луѓето три пати во текот на девет дена, при што владата сè уште размислува дали ќе воведе заклучување на одренени области или низ  целиот град.

Ќе бидат направени исклучоци за оние кои купуваат храна, бараат медицински третман и одржуваат општествени работи. Берзата во Хонг Конг ќе продолжи да работи, објави весникот Синг Тао.

 

извор/фото: агенции