Операцијата за спасување на пет лица во Крижна јама во Словенија ќе почне утрово околу 9 часот, ако нивото на водата продолжи да опаѓа. Доколку сè оди според планот, затрупаните од Крижна јама ќе бидат спасени во попладневните часови.
Тричлено семејство и двајца водичи во саботата околу 8 часот тргнале на обиколка на пештерата, но поради покачувањето на нивото на водата, кое им го затворило патот до површината, не можеле да се вратат. Акцијата за спасување почна веќе во саботата попладне, а досега два тима нуркачи отишле кај луѓето и им обезбедиле сè што им е потребно.
Тие останаа заробени во пештерата, на околу 2,4 километри од влезот. Нивото на водата почна да опаѓа во неделата навечер, а се очекува конечната одлука на спасувачите да биде донесена денеска по проценка на состојбата.
Психофизичката состојба на заробените луѓе е многу добра и стабилна, а тие се соодветно снабдени со залихи на храна и пијалоци и со грејни тела.
telegraf.rs