– Јавното обвинителство информира дека Комисијата задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, извршила увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице, а поради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, како што велат, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.
– Комисијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, стои во соопштението од ЈОРСМ.
Оттаму дополнуваат дека заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.
– По завршувањето на проверките, Комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети, дополнуваат оттаму.
Ова следува по објавената евиденција на предмети на Јавното Обвинителство против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси.
Извор: МИА