На денешната 15-та седница на Советот на Општина Охрид се обезбедија потребните 2.000.000 денари кои ќе бидат наменети за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Советниците со мнозинство гласови ги усвоија Предлог Програмата за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година и Предлог Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2022 година.
Согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги започна кординативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација. Веќе е формиран е организационен одбор кој работи на подготовка на програмата и обезбедување на потребната логистика. За сите детали околу целокупната организација на маратонот, јавноста ќе биде тековно информирана.
општинa Охрид