Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во Грција

Поплави и свлечишта ги зафатија грчките региони Агринио, Крф и Превеза по обилните дождови во западна Грција, известува Анадолу.

Грчките медиуми објавија дека поплавите и свлечиштата предизвикале затворање на некои патни правци, додека многу домови и деловни објекти се поплавени.

Во градот Агринио противпожарните екипи се ангажирани за спасување на заробените во возилата.

Властите упатија предупредување до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку тоа не е неопходно, особено во регионите каде што поплавите негативно се одрази врз секојдневниот живот, како што се Мегали Хора, Триантеика и Неаполис.

Во регионот на Превеза, противпожарните екипи продолжуваат со напорите за спасување на заробените во домовите и на работните места.

Истакнувајќи дека неповолните временски услови би можеле да продолжат, властите го повикаа населението да ги следат упатствата и предупредувањата.

извор: Анадолија