Познатиот актер Метју Пери, почина од дејство на кетамин, објавено е во извештајот после обдукцијата.
Скоро два месеци се чекаа анализите и причината за смртта на познатиот актер во „Пријатели“.
Давење, болест на коронарната артерија и ефекти на бупренофин, се наведени како фактрои за смртта на актерот. Во извештајот се наведува дека Пери бил на терапија со кетамин, а неговиот последен третман бил 10 дена пред смртта.
Смртта настапила после земање на наркотици, на непознат начин, но пронајден е во куќниот базен.
Во куќата биле и лекови кои идат на рецепт, но обдукцијата покажала дека ништо од тоа не е најдено во неговото тело. Во извештајот се констатира дека нема знаци на траума ниту сомнеж на насилна смрт.