Објавено досие за луѓе поврзани со Џефри Епштајн, меѓу нив американски претседатели, британски принц и “кралот на попот“

epa07891110 United States Attorney for the Southern District of New York Geoffrey Berman speaks during a news conference about the arrest of American financier Jeffrey Epstein in New York, USA, 08 July 2019. US financier Jeffrey Epstein who was arrested on 08 July 2019 on sex trafficking and conspiracy charges, had been formally charged with two sex trafficking counts. EPA-EFE/JASON SZENES

Стотици страници судски документи од тужбата поврзана со познатиот сексуален престапник Џефри Епстајн беа објавени во средата. Ова е првиот сет на документи што ќе бидат отворени според судскиот налог од 18 декември, а се очекуваат уште повеќе во наредните недели. Документите, вклучително и материјалот што допрва треба да биде отворен, се очекува да содржи речиси 200 имиња, вклучително и некои од обвинетите на Епстајн, истакнати бизнисмени, политичари и други влијателни личности.

Принцот Ендрју, војводата од Јорк, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, починатиот музичар, Мајкл Џексон и американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд се само дел од луѓето споменати во документите кои беа објавени по наредба на федералниот судија, Лорета Преска.

Многу од угледните личности во тие документи медиумите веќе ги идентификуваа, а некои имиња се појавија за време на судењето на партнерката на Епстајн, Гислајн Максвел, која беше осудена за трговија со луѓе за сексуални цели и отслужува 20-годишна затворска казна.

Документите содржат извадоци од сведочењето на Џилијан Максвел и Вирџинија Робертс Џуфре, која е една од жртвите на Епстајн. Исто така, објавено е и сведочењето на друга жртва, Јохана Сјоберг, која во текот на судењето опишала како принцот Ендру на шега и ги допирал градите за време на фотосесија.

Јавноста веќе беше запознаена со приказната на Јохана Сјоберг, но ова е првпат нејзиното сведочење да биде одлепено. Сјоберг понекогаш работеше за Епстајн и на суд рече дека тој ја притискал повремено да дава „сексуални масажи“.

Принцот Ендрју и Вирџинија Џуфре претходно постигнаа вонсудска спогодба во нејзината тужба за сексуален напад, според судскиот документ поднесен од нејзините адвокати во вторникот. Ендрју ги отфрли обвинувањата против него.

Транскриптите од сведочењето, исто така, вклучуваат референци за неколку истакнати имиња, како што беше претходно објавено, меѓу кои и принцот Ендрју, како и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Сјоберг во своето депонирање од 2016 година потсети дека Епстајн му го споменал Клинтон.

„Тој еднаш рече дека на Клинтон им се допаѓаат млади девојки“, рече таа.

На прашањето дали Клинтон му е пријателк на Епстајн, таа рече дека разбира дека Епстајнимал „деловен однос“ со Клинтон. Портпаролот на Клинтон во 2019 година потврди дека поранешниот претседател летал со приватниот авион на Епштајн, но рече дека Клинтон не знае ништо за „ужасните злосторства“ на Епстајн.

Портпаролот на Клинтон го повтори тоа во средата, за Си-Ен-Ен дека сега поминаа „речиси 20 години откако претседателот Клинтон имал последен контакт со Епстајн“. Клинтон не е обвинет за никакви злосторства или неправилности поврзани со случајот на Епстајн или контакт со него.

Сјоберг изјавила и дека Мајкл Џексон ја посетил куќата на Епстајн во Палм Бич во американската сојузна држава Флорида и дека еднаш го запознала магионичарот Дејвид Коперфилд. Таа истакна дека никогаш не го масирала Џексон и дека Коперфилд еднаш вечерал кај Епштајн. Како што рекла, добила впечаток дека Коперфилд и Епстајн се пријатели.

Во своето сведочење, Јохана Сјоберг се присети и на времето кога била со Епстајн во еден од неговите авиони и пилотите ги информирале дека мора да слетаат во Атлантик Сити. Тогаш Епстајн им предложи да стапат во контакт со Доналд Трамп.

Многу од жртвите дадоа јавни интервјуа и веќе им се познати на медиумите. Сепак, имињата на некои жртви сè уште се редактирани поради чувствителната природа на кривичното дело.

Дневниците за планирање на Епстајн до кои дојде Волстрит журнал вклучуваа имиња како Вилијам Барнс, директор на ЦИА и Кетрин Румлер, советник во Белата куќа во времето на Барак Обама. На листата се авторот Ноам Чомски, актерот Вуди Ален, поранешниот норвешки премиер, Торбјорн Јагланд, поранешниот израелски премиер, Ехуд Барак. Иако тие биле во неговите дневници, во моментов нема импликација дека тие се поврзани со злосторствата на Епстајн.

Во 2019 година, Епштајн беше обвинет дека водел синџир за трговија со луѓе и сексуално злоставувал десетици малолетни девојчиња. Епстајн изврши самоубиство во затвор додека го чекаше судењето.

Извор: vecer.press