Објавен лажен порно филм за пратеничката на СНС, Сташа Стојановиќ

Сташа Стојановиќ, пратеничка на Српската напредна странка, тврди дека и подметнуваат лажно порно видео и дека се обидуваат да заработат на нејзиното име.

– Немам порно видеа. Нема ни слика од мене која јавноста „не смее“ да ја види. Сè за мојата приватност што е објавено во јавноста е голема лага! Во тоа спорно видео, кога девојката почнува да зборува, нема ниту лице, ниту глас сличен на мојот! Важно е да го стават моето име на Јутјуб за профит – напиша таа на својата инстаграм приказна откако наводното видео почна да се споделува во јавноста, со напомена дека тоа е пратеникот од прогресивците.

Како што вели, затоа поднела кривична пријава против Ѓорѓе Вишекруна, за кого се сомничи дека и го подметнал ова видео.

 

– Поднесов кривична пријава до специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал во Белград против Ѓорѓе Вишекруна, кој лажно ме обвини дека сум во порно видео. Против мене се води застрашувачка кампања и не сакам повеќе да молчам. Лагата ме боли, но вистината е моето оружје – напиша Стојановиќ на Инстаграм.

 

kurir.rs