Оваа работна седмица со температури до 45 степени и тропски ноќи

Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во текот на оваа работна недела, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално би можела да се искачи и до околу 45 степени. Во Скопје температурата во текот на оваа работна недела ќе се искачи до околу 40 степени, но повремено таа ќе надминува  и 40 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.

Тука се и тропските ноќи, односно температурите  на повеќе места во Македонија  во текот на ноќните  и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk