20-годишниот Дакс го загуби домот. Неговиот сопственик го предал на „Big Dog Ranch Rescue“ во Америка.
Дакс е уништен и тажен што е напуштен од неговите сопственици. „За нас е неразбирливо што 20-годишно лојално куче на крајот од својот живот беше отфрлено и напуштено. Тој е збунет и со скршено срце“, велат од прифатилиштето.
Тие објавија видео за Дакс на нивниот профил на TikTok за да нагласат дека сопствениците треба да бидат одговорни и дека кучињата треба да имаат еден ист дом во текот на нивниот живот.
Watch on TikTok
„Приказната на Дакс нека биде потсетник за одговорноста на сопствениците на кучиња, и физичка и емоционална. Тие не се само кучиња – тие се наши деца и членови на нашето семејство кои не сакаат безусловно и остануваат вечно лојални на нас, барајќи малку за возврат. “, забележуваат од засолништето.
Засега не е позната причината зошто сопствениците го сместиле кучето во прифатилиштето.
index.hr