Со рекорден број посетители, околу 30.000, во неделата во градот Бад Урах (областа Ротлинген) во германската покраина Баден Виртемберг се одржа манифестацијата со 300-годишна традиција, на која овчарките и овчарите танцуваат и меѓусебно се натпреваруваат. На крајот на манифестацијата се „крунисуваат“ победниците во женската и машката овчарска трка.
Швабските трки на овчарите се дел од културното нематеријално богатство на УНЕСКО и го претвораат Бад Урах во море од бои и мелодии.
DW