Ограбена банка во Чаир

Денеска во Чаир, на улицата Цветан Димов, се случило вооружено разбојништво, дознава „24инфо“. Метата на грабежот била експозитура на Комерцијална банка.

Според првичните, неофицијални информации, разбојниците влегле во банката и под закана со огнено оружје успеале да одземат засега непозната сума на пари.

Полицијата е на терен и работи на расчистување на случајот, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот. Настанот предизвика вознемиреност кај локалното население.