Одбележување на јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов

Општина Охрид со особена чест Ве поканува да бидете дел од настаните со кои достојно ќе го одбележиме големиот јубилеј – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, охридскиот војвода и револуционер, кој својот живот го положи за слободата на Македонија.
Да се потсетиме, да се поклониме и да ја пренесеме пораката за неговата саможртва и бесмртно дело на новите генерации. Хероите живеат додека ги чествуваме, нека му е вечна слава!