Вчера (23.08.2024) во 12.15 часот на влез на Граничен премин “Свети Наум” одземено е патничко моторно возило “бмв” со регистарска ознака на Р. Албанија. Имено, Т.Б.(33) од Р. Албанија управувајќи го предметното возило сопственост на друго лице, се обидел да оствари влез на Граничен премин “Свети Наум” и при извршена проверка на возилото е евидентирано дека истото евидира во стоп -листа на Интерпол. Возилото е одземено, за истото се известени Секторот за меѓународна полициска соработка и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален Центар Запад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Related Posts
Министерство за животна средина и просторно планирање: Прекинат праг на алармирање во Битола и Тетово
Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички…
(ФОТО) 108 годишен дедо излезе на протест против францускиот предлог
Овој Македонски дедо има 108 години! 108 години, појден на протест да ја одбрани Македонија!!! Ова е тоа срце ЛАВОВСКО…
Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак- македонското вино, го стабилизиравме домашното производство, трета година по ред расте и извозот
Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Ресава,…