Одредени автобуски линии утрово не сообраќаат низ Скопје

„Слобода превоз“ почнува со штрајк и на дел од линиите со кои тие оперираат, односно на линиите со број 9, 12, 22, 23 и 45 нема да сообраќаат.

Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон ова приватно претпријатие.

Откако не падна договор, превозниците најавија дека преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

Претходно преку протест своите ненаплатени средства ги побара и приватниот превозник „Макекспрес“ но Градот Скопје го раскина договорот со нив поради како што рекоја непочитување на договорот, лошата хигиена и застарениот возен парк.

ЈСП тогаш најави дека овии линии ќе ги покрие јавното претпријатие. Пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплатени плати.

 

 

telma.mk