Одржана педесет и првата седница на советот на Општина Охрид

Денес советниците, ја одржаа педесет и првата седница. На дневен ред беа осумдесет и две точки, од кои најголем дел – програми за работа на општинската администрација и јавните претпријатија. Останатиот дел од денешната седница, се однесуваше на усвојување на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.

Со неколку минутна дебата, сите точки на дневниот ред беа усвоени. Ова беше последна седница на советот за оваа календарска година.