Одржани работни сoстаноци во ЈП Национални шуми околу испораката на огревно дрво

Во текот на изминатата работна седмица, во просториите на дирекцијата на ЈП Национални шуми, Директорот Валентин Груевски, заедно со Помошникот директор на Секторите за шумарство и Заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола Николчо Киров, одржаа работни состаноци со раководителите-директори на сите подружници во составот на јавното претпријатие.
На работните состаноци, Раководителите на подружниците ги презентираа планираните и остварени производни и финансиски податоци, кумулативно заклучно со месец Јули, како и очекувањата до крајот на годината.
Беше разговарано и за испочитување на сите уплати и испораката на огревното дрво до граѓаните и правните лица за претстојната грејна сезона, информираат од ЈП Национални шуми.