Со членовите на општинскиот Штаб за заштита и спасување, денеска разговаравме за подготвеноста и координацијата на институциите во Општина Охрид за заштита и управување со кризни состојби на локално ниво.
Беше ставен акцент на подготвеноста за заедничко делување за справување со шумски пожари, во однос на екипираност и техничка опрема. Побарав да се направи детален попис на расположливи средства и кадар, како и потребите од набавка на нова опрема.
Еден од заклучоците на состанокот беше и иницијативата за реализирање на соодветна обука за справување со пожари, со која би биле опфатени волонтери и вработени во јавните претпријатија. Целта на оваа обука ќе биде да се обезбеди база на обучени лица на локално ниво, кои би можеле во секое време да одговорат на терен, доколку има потреба.
Исто така беше нагласена и потребата од превентивно делување за заштита од пожари, поставување на современа опрема за рана детекција на пожари, како и можноста за поставување на цистерни за вода на критични локации на планината Галичица.